Македонија празнува

Седумдесет и седум години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна денеска во Р. Македонија ќе бидат одбележани со повеќе настани организирани од Владата, Собранието, Сојузот на борците и општините Прилеп и Куманово.
По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.
Премиерот Зоран Заев денеска ја предводи Владината делегација која оддаде почит и положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.