Македонија и Белгија, во Скопје ќе се соочат во квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил. Овој дуел, заедно со дербито во А групата, Хрватска-Србија, е еден од најпривлечните натпревари кои ќе се одиграат на европскиот континет ќе се одиграат во петок.Македонија во овој натпревар влегува по серија од три победи кои максимално ја зголемија самодовербата кај избраниците на Чедомир Јаневски.„Победите на секој спортист му даваат екстра енергија, тоа е добро. Добро е да имаат високо ниво на самодоверба, да почувствуваат дека и тие имаат калитет, од друга страна не треба да се плашат, бидејќи ова е само фудбалски натпревар, кој носи максимални три бода. Јас само им препорачав на играчите по победата над Данска, тоа да не прерасне во еуфорија, бидејќи некогаш еуфоријата може да има последици“, рече македонскиот селектор.Јаневски уште во средата рече дека го знае тимот кој ќе го започне натпреварот, бидејќи тој не отстапува од офанзивната формација, за очекување е да настапи со тимот кој играше против Данска.Селекторот потенцира дека Белгијците максимално ќе му пристапат на овој дуел, но и на оној во Брисел, ќе се обидат да освојат шест бодови, со кои по долга пауза повторно би биле учесници на едно големо натпреварување.Белгија сигурно е една од најатрактивните репрезентации која гостувала во Скопје, составена е од извонредни индивидуалци, но пред селекторот Вилмотс престои уште многу работа да ги вклопи во идеална целина.Во досегашниот тек од квалификациите, играта од прекините беше најсилната страна на Белгија и тоа е елементот на кој најмногу ќе треба да внимаваат ‘црвено-жолтите’.Инаку, селекторот Вилмотс, без оглед на индивидуалниот квалитет, не отстапува од планот, да користи сосема различни тактички варијанти за натпреварите, во зависност од тоа дали Белгија игра на домашен терен или гостува.Многу е веројатно, на „Филип Втори“, Белгија да започне со еден класичен напаѓач, најверојатно Бентеке, а како поддршка да добива од Азар и Дембеле или Фелаини.Голем проблем за Вилмотс преставува повредата на капитенот Компани, кој нема да игра на овој натпревар, тој уверува дека дека неговите избраници ќе се обидат да победат, но и дека нема да биде трагедија и доколку не освојат три бода.„Победдата е обврска за нас во овие квалификации и доколу ја забележиме нема премногу да се радуваме, но и доколку не победиме тоа нема ништо да смени во нашите амбиции за овојување на првото место во групата“, рече Вилмотс.Македонија и Белгија својот квалификациски дуел ќе го започнат во 20:45 часот, билетите за натпреварот се распродадени, а на „Филип Втори“ ќе присуствуваат и околу 400 белгиски навивачи.
МакфаксМакедонија и Белгија, во Скопје ќе се соочат во квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил. Овој