Македонија се бори со огнени стихии, пожари на Огражден и Серта

Граѓаните да не се движат во населените места, зафатени од големиот пожар на планината Серта. Кризниот штаб на општина Неготино со предупредување до населението, да биде претпазливо.

Градоначалникот Горан Стојанов за МТВ раскажува дека армискиот хеликоптер помогна за делумно ставање на пожарот под контрола за да не се дозволи пламените јазици да се прошират кон викенд-куќите.

Ер-тракторите се вклучија во гаснење на пожарот, откако Дирекцијата за заштита и спасување потпиша договор со двајца пензионирани пилоти.

Огнена стихија и на планината Огражден, над село Бадилен во Ново Село. Пламените јазици се проширија и на територија на Бугарија, каде и тамошните пожарникари се вклучија во гаснењето. Пожар и во Градско.

Во изминатите 10 дена до Центарот за управување со кризи стигнале вкупно 147 пријави за пожар на отворено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.