Може ќе ви делува радикално но ова што ќе го прочитате како став за нашата нова година, за нашиот однос и за тоа какви навистина сме, е далеку поблиску до вистината од сите лажни, однапред напишани пораки за среќа и здравје.
Верувам добивте такви пораки на стотици. Ако само малку се загледате ќе видите како да ги пишувал ист човек. И само масовно се препраќаат. А навистина не значат ништо. Во принцип ви ги праќаат луѓе кои не сте ги виделе и слушнале цела година. И кои најверојатно нема ни да ги видите до наредната година и наредните однапред подготвени честитки.
Мене искрено не ми е јасно зошто воопшто ги праќаат овие честитки и на кого му значат нешто?!