Македонската економија со раст од 1.6% во 2018 година – последна во регионот

ММФ во есенскиот извештај предвидува дека земјава ќе ја заврши годината со економски раст од 1,6% иако претходната проценка беше дека тоа ќе биде 2,8 насто.
Прогнозата за наредната година е 2,6%, а до 2023 годишниот раст да биде 3,4%.
Соседните земји Србија, Косово и Албанија, ММФ проценува дека ќе ја завршат годината со раст од 4%. Црна Гора 3,7, Бугарија 3,6% и Хрватска 2,8отсто, а на Грција и се предвидува раст од 2,4%.И домашните експерти гледаат со песимизам кон економскиот раст на земјава.
Сепак и покрај сите предвидувања, Владата е цврста на ставот дека проектираниот раст од 3,2% до крајот на годинава ќе биде остварен.
Претходно и Светска банка ја намали прогнозата за економскиот раст на земјава. Предвидува Македонија да ја заврши годинава со раст од 2,5 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3,2%. Апелираа Владата да поведе сметка и за јавниот долг на земјава, кој до крајот на годинава се очекува да достигне 50% од БДП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.