Македонскиот борач Бесир Алили – европски кадетски шампион (ВИДЕО)

Вчера македонскиот борач Бесир Алили стана европски шампион во борење – слободен стил за кадети до 48 килограми. Тој во финалето на Европското првенство во Фиренца, Италија, го победи Харутјун Хованисјан од Ерменија со резултат 7-6.
На патот до финалето, тој ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија. Алили, кој е член на БК Лирија, важи за голем талент и се очекува во иднина да продолжи со напорна работа за да го нападне златото во сениорска конкуренција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK