Македонците го работат од љубов, а во САД добро се цени: Тинејџер заработи 35 илјади долари за само четири дена

Дејвид Холстен (18) бил во посета на својата мајка во болница во Вашингтон, кога пријател му предложил во весник да објави оглас за давање услуги, односно за чистење снег.
Тинејџерот од американската сојузна држава Ајдахо заработил дури 35 илјади долари за четири дена чистејќи снег од приоди на куќи, но и на разни фирми, градинки и мотели.


Со оглед на тоа дека во Вашингтон во февруари падна најмногу снег во последните 70 години, момчето сфатило дека не е едноставно тој да се чисти со обични лопати. Кога увидел дека одредени лица се подготвени да платат и 1.000 долари за таа услуга, тој се вратил во Ајдахо го зел багерот и плугот и ги однел во Вашингтон. Еден час чистење снег наплатувал меѓу 500 и 750 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.