МАКРОН ГИ РЕАКТИВИРА НУКЛЕАРНИТЕ ЦЕНТРАЛИ: Ќе бидат пуштени во употреба уште 10 блокови

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека во следните недели во Франција ќе почнат да работат уште 10 запрени нуклеарни единици.

МАКРОН ГИ РЕАКТИВИРА НУКЛЕАРНИТЕ ЦЕНТРАЛИ: Ќе бидат пуштени во употреба уште 10 блокови

Денес имаме 30 од 56-те нуклеарни реактори кои работат. Во наредните недели ќе има 40. Нашата цел е да имаме 45 оперативни единици во јануари, рече Макрон во интервју за телевизијата Франс 2 во средата.

Во мај оваа година, француската агенција за нуклеарна безбедност (ASN) откри траги од корозија на 12 нуклеарни реактори, што подоцна доведе до нивно исклучување. Голем број други реактори беа затворени поради планирани поправки.

Француската енергетска компанија ЕДФ, која управува со нуклеарните централи во земјата, соопшти дека ќе ги рестартира сите затворени реактори пред зимата за да избегне недостиг на електрична енергија во земјата поради порастот на енергетските ресурси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.