На 25.09.2021г., сабота, Планинско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово традиционално по 6-ти пат го организира настанот „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2021“, кој оваа година како и лани поради неговите препознатливи вредности во насока на здрави животни навики, беше дел од серијалот настани на Европската недела на спортот – “#BeActive”- координирани од националната Агенција за млади и спорт, партнери подржувачи ни беа Хотел Манастир, Берово и секако локалната самоуправа на Општина Берово.
Спортот и физичката активност придонесуваат за нашата физичка и ментална благосостојба. Недостатокот на физичка активност не само што има негативно влијание врз здравјето на луѓето и општеството, туку и резултира со економски трошоци. Покрај тоа, спортот има потенцијал да ги зајакне пораките за толеранција и да го зајакне граѓанството низ целиот свет. Промовирањето на улогата на спортот како средство за социјална вклученост помага и во решавањето на тековните предизвици во нашето општество. Но и покрај зголемениот број истражувања што ја истакнуваат важноста на спортот, нивото на физичка активност во светски рамки во моментов стагнира, па дури и опаѓа. Со овој настан имавме за цел да одговориме точно на овој предизвик.
Нашите приоритети вклучуваат: поттикнување на физичка и ментална кондиција и борба против дебелината преку учество во редовна физичка активност, поттикнување на социјална вклученост и интеграција преку спортот, особено за маргинализираните групи, елиминирање на разликите по национални и верски прашања и создавање на родова еднаквост, се со помош промовирање и се поголемо практикување на спортот.
Организираните активности на овој настан беа за секого – без оглед на возраста, искуството или нивото на фитнес. Тие вклучуваа:
- Лесна планинарска тура,
- Лесна планинско-велосипедска тура,
- Кајак на езерото, за кое беа на располагање 10 двојни кајаци и 4 СУП даски,
- Активности како: кошарка, одбојка, тенис, скокање јаже, пинг -понг …
- Заеднички ручек и вечерна забава со музички бенд и скара, на отворено покрај река
Турите и активностите беа предводени и покриени со стручни водичи, поддржувачи, инструктори и спасители на вода. За безбедноста на сите учесници во текот на целиот настан се грижеа локалната полиција и мобилната прва помош.
ПСК Малешевска Корија располага со 25 планински велосипеди за изнајмување и во оваа прилика ги ставивме сите на располагање на учесниците на настанот, за и оние кои немаат сопствени велосипеди, да можат да ја искусат убавината на планинскиот велосипедизам, со надеж дека тој ќе им прејде во навика и пасија.
Содржините беа така испланирани да чесниците беа охрабрени да дојдат со своите деца, па за наша голема радост и настанот беше посетен од голем број на млади.
Ние силно веруваме дека учесниците на овој настан го дадоа нивниот многу важен придонес кон нашата цел со ЛИЧЕН ПРИМЕР да им покажат и укажат на останатите наши сограѓани колку е важно да се живее активно и да се спортува, првенствено за лична благосостојба, а потоа за здрави социјално-општествени односи и силна економија, зошто само активни и витални луѓе, создаваат здрави, не тензични, продуктивни социјално-општествени текови и придонесуваат кон силна економија, кое сето води кон повисок стандард на живеење.. -изјави Дина Муцунска, претседател на ПСК Малешевска Корија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.