Малку е веројатно дека будалата ќе доживее старост! Медведев без влакна на јазикот за Зеленски

Поранешниот претседател на Русија за „Сан“ го коментираше интервјуто на претседателот на Украина, оценувајќи дека на некои негови изјави не им верува ниту редакцијата на овој британски медиум.

Изјавите на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека веќе се извршени неколку обиди против него се евтино фалење, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој го коментираше интервјуто на Зеленски за британски „Сан“, во кое претседателот на Украина, меѓу другото, рече дека „очекува Русија да се обиде на Мајдан 3“ на крајот на годината, односно промена на власта и во кој, на новинарско прашање дали ја искористила шансата да го убие рускиот претседател, изјави дека се води војна и дека Украина има право да се брани.

На сето ова Медведев вели дека изјавите дури и за „Сан“ личат на „циркус со коњи“.

  • Патем, тој функционер таму веќе не се сфаќа сериозно – додава тој.

Медведев предупредува и дека мислите понекогаш може да се материјализираат, односно да се остварат и вели дека „со толку моќни „пророштва“ тешко дека будалата (Зеленски) има шанса да доживее старост“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.