Малолетник од Скопје ги тепал своите родители

Во 01:30 часот бил упасен малолетник од Скопје, кој се сомничи за физички напад врз своите родители. Инцидентот се случил во нивниот семеен дом, по претходна пријава која ја примила полицијата.

Според информациите од полицијата, малолетникот ги нападнал својата мајка и татко, по што бил приведен од страна на службите за безбедност. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Полицијата ги продолжува активностите за расчистување на случајот, а детали ќе следат по завршувањето на истрагата.

Пронајдете не на следниве мрежи: