Марокански тенисер доживотно суспендиран – наместил 135 натпревари!

Малку познатиот марокански тенисер Јунус Рашиди доживотно е суспендиран, откако беше прогласен за виновен за местење дури 135 мечеви во кои учествувал, соопшти денеска Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).

Ова е убедливо најтешка казна, но и најголем број откриено „местенки“ од страна на еден тенисер во историјата на „белиот спорт“. Рашиди, чиј најдобар пласман било 473. место во двојки, му е забрането да игра, но и да тренира или да присуствува на кој било тениски настан организиран од АТП или од ВТА, а ќе треба да плати и 34.000 долари.

ИТИА соопшти дека Рашиди бил вклучен во местење натпревари со двајца алжирски играчи, кои неодамна беа суспендирани по истрагата во Белгија.

Пронајдете не на следниве мрежи: