Маскирани лица пукале кон Штекли, „Аудито“ е најдено запалено кај езеро Треска

Две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки пукале кон Раде Трајковски – Штекли во подземните гаражи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје.

Според информации на Фокус пукањето се случило пет минути пред 16 часот кај „Карбокс“, а напаѓачите излегле од автомобил „Ауди А4“ караван со странски регистерски ознаки.
Пукале кон Штекли кој останал неповреден и избегале во непознат правец. На местото на пукањето е најдена една чаура, а возилото е запалено и пронајдено кај езерото Треска кон Грчец.

Од МВР информираат дека случајот кај нив е пријавен околу 15:50 часот.
-Добиена е пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема, информира МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.