Масовна тепачка кај аеродромот во Сараево, вакво нешто не се памети

Во близина на Сараевскиот аеродром, пред службата за работа со странци неодамна се случила масовна тепачка на мигранти. Во тепачката, според новинарот кој бил присатен на местото на настанот учествувале повеќе од 30 мигранти.
Порталот “Radiosarajevo.ba“ дојде до снимка од која може да се види колку ситуацијата била драматична.
– Тешко е да се опише со зборови што се случи. Се беше мирно, но одеднаш настана хаос, раскажува новинарот кој присуствувал на настанот.
Било контактирано и Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, каде дежурниот оперативец им рекол дека немаат никаква информација.
Никој од нашите луѓе кои се во патрола не ни јавил за тој инцидент, рекол дежурниот оперативец на MUP KS, додека новинарот додава дека имало мигранти кои се жалеле на полесни повреди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.