Опозицијата во Албанија денес одржува масовни протести во Тирана. Илјадници членови и симпатизери на албанската опозција од сите градови во земјата протрестираат и бараат заминување на Владата на Еди Рама. Тие ја обвинуваат владата на левицата за криминални дејствија и силна корупција.
Во 11:30 часот демонстрантите ја нападааа зградата на Владата и ги искршија прозорците. До овој момент припадници на полицијата имаат големи кордони и го заштитуваат влезот. Има и повредени лица јави албанската ТВ АБЦ, која врши директен пренос. Пред зградата на Владата се пуштаат димни кутии со силни дејствија.
За денешниот протест на опозицијата албанското МВР има на терен неколку илјади полицајци и припадници на специјалните сили. Над објектот на Владата има снајперисти.
Синоќа лидерот на Демократската партија која е главен организатрот на протестите Љуљзим Баша изјави дека протестот има за цел да ја собори владата на Еди Рама , и додаде дека во тоа ќе успее.