По опсежна потрага, полицијата кај Крагуевац го лоцирала и уапсила убиецот Урош Б.
Како што дознаваат српските медиуми, убиецот бил во селото Вињиште кај Крагуевац, а според медиумите се криел кај својот вујко.
Утврдено е дека тој вчера побегнал од местото на настанот кон Вињиште и во текот на ноќта успеал да киднапира таксист и автомобил, а тој таксист го возел од Крагуевац до Вињиште.
Тој со рачна бомба што ја имал во рацете ги киднапирал таксито и таксистот и со тоа го ставил во сериозна опасност животот на таксистот.
Да потсетиме, Урош Б е осомничен за ноќниот масакр во селата кај Младеновац, во кој уби осум и рани 13 лица.
Уапсениот со автоматско оружје пукал во жителите на неколку села во општина Младеновац, а во претресот биле вклучени повеќе од 600 припадници на полицијата.