На автопатот Демир Капија – Смоквица за помалку од два месеци ќе има уште една патарина. А таа ќе чини меѓу 60 и 80 денари. Кога ќе профункционира и оваа патарина, патувањето со патничко возило за 150 километри автопат, од Скопје од Гевгелија и назад ќе чини фантастични 700 денари или скоро 12 евра, или една дневница од просечната македонска плата.
Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов најави дека ќе се отворат и други нови патарини по должината на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.
Европската банка за обнова и развој очекува постапката за заем од 13 милиони евра да почне на 28 декември. Со овие пари ќе се финансираат надградби во системот за патарина на коридорите 10 и 8 и за патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот Кичево – Охрид.