Маја Беровиќ го покажа рамниот стомак само 2 месеци по породувањето

Убавата пејачка Маја Беровиќ пред само два месеци стана мајка, а судејќи по објавите на мрежите, пресреќна е од новата животна улога. Гордите родители на својот син му го дадоа името Лео, а многумина коментираат дека пејачката сега зрачи со посебен сјај, и дека е поубава од било кога.
Иако на нејзиниот Инстаграм може да се видат само објави со труднички стомак, Маја сега реши да ги израдува своите следбеници и да покаже како изгледа по породувањето, а сцената ретко кого остави оставаше рамнодушен.


Во краток топ и хеланки покажа совршена фигура и рамен стомак што предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели. Во преден план беше ланчето со името на нејзиниот син.
Да потсетиме, пејачката се породи во Грац, во луксузен апартман за кој се шпекулира дека платила дури 7.000 евра, а породувањето поминало во најдобар ред.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.