Томи Хас го направи најголемото изненадување на Мастерс турнирот во Мајами, откако во осминафиналето го елиминира првиот носител Новак Ѓоковиќ.Германецот за 80 минути игра го совлада бранителот на титулата со 6:2, 6:4. Ѓоковиќ, кој имаше само седум директни поени и 30 неизнудени грешки, по мечот изјавил дека го одиграл најлошиот меч во последните неколку години.Покрај Ѓоковиќ од фаворитите турнирот во осминафиналето заврши за Жо-Вилфред Цонга, францускиот тенисер загуби од Марин Чилиќ со 5:7, 6:7.Противник на Чилиќ во четвртфиналето ќе биде Енди Мари кој без проблеми го совлада Андреа Сепи со 6:2, 6:4.Ривали во четвртфиналето ќе бидат и Ришар Гаске и Томаш Бердих, Гаске во меч со многу пресврти го елиминира Николас Алмагро со 6:7, 7:5, 7:6, додека Бердих лесно го победи Сем Квери со 6:1, 6:1.
МакфаксТоми Хас го направи најголемото изненадување на Мастерс турнирот во Мајами, откако во осминафиналето го елиминира први