Мајка на две деца критикувана затоа што ги ставала малечките во ледени бањи – „Ледената кралица“ самоуверено: „Тоа им помага да се смират“

Мајка на две деца со години е љубител на ледените купки, поради што на социјалните мрежи го добила прекарот „Ледена кралица“.

И додека некои веруваат дека ледените бањи можат да ја контролираат болката, отокот и воспалението доколку се практикуваат на краток временски период, други мислат дека тоа не е најдобро за телото. Како и да е, никој нема истражувано како бањите со мраз влијаат на децата, но постојат препораки дека тие не се препорачливи за нив. И покрај тоа, „Ледената кралица“, чие вистинско име е Кја Џеуб, редовно ги ставала во нив својот 18-месечен син и 6-месечната ќерка.

„Најдоброто нешто што можам да го направам за моите деца е да бидам добар пример и да ги вклучам во мојата рутина, воедно да им влеам самодоверба, мир и храброст“, напишала таа покрај видеото кое го објавила на „ТикТок“, а кое има речиси 3 милиони прегледи.
Многумина не криеле дека сметаат како нејзиниот метод бил погрешен.
„Ти си лош пример“, „Каква мајка си“, „Не го прави тоа на децата“, „Децата тоа не го разбираат“, биле само дел од коментарите.

Според Клиниката во Кливленд, потопувањето во ладна вода, уште познато како криотерапија, може да пружи мноштво придобивки како што се ублажување на болката во мускулите, намалување на внатрешната телесна температура, поголем фокус, подобрен сон и намалување на воспаленијата.
Но, др. Доминик Кинг, за „Today“ изјавил дека ледените бањи не се препорачуваат за мали деца или луѓе со одредени здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.