Мајката на момчето од „Корчагин“ кое се самоуби со потресен статус: Детето ѝ трпело вистинска тортура

НАШАТА РЕДАКЦИЈА СМЕТА ДЕКА ОПШТЕСТВОТО ПОСТОЈАНО ТРЕБА ДА СЕ ПОТСЕТУВА НА ВАКВИ НЕМИЛИ НАСТАНИ, ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРАТ.

Мајката на момчето од „Корчагин“ кое се самоуби со потресен статус: Детето ѝ трпело вистинска тортура

Празнина голема во душата и срцето на мајка што го изгубила највредното нешто во животот, свото дете.

179 дена од смртта на мојот син. Тага, болка и неверување дека повеќе го нема. Отиде да го земе свидетелството и не се врати.

Инспектори, Обвинители! Детето остави Проштално писмо каде напиша Кој и што го повредило. Но, Вие не можевте да открите. Можеби да се работеше за ваше дете ќе откриевте

В. Д. Директорке на „КОРЧАГИН“ Елена Стојановска

Дали му изразивте сочуство на семејството? Детето излезе од училиштето, ја премина улицата и си го одзеде животот.

12 часа после смртта на моето дете направивте прием и забава за новите ученици и Градоначалничката Арсовска. Дали со збор го спомнавте Вашиот починат ученик.

Ах, мило мое дете толку многу го сакаше „Корчагин“, мислеше дека тука ќе добиеш добро образование.

Дали постои МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ?

Класна, “teacher” Татјана Голчева!

Дали ви се сите книги на број?

МОЕТО ДЕТЕ ГО НЕМА!?!

Го навредувавте и понижувавте на почетокот од учебната година пред неговите другари-соученици.

„Не ве почитувал“!

Дали вие заслужувате почит?

Неодговорен, Невиспитан и Дрзок се вашите зборови упатени кон него и родителите 48 часа пред да си го одземе животот.

СО ШТО ГО ЗАСЛУЖИ ТОА МОЕТО ДЕТЕ?

Мирно, тивко, воспитано момче. Лош збор на никого немаше кажано, а не пак нешто лошо направено….

Јас, Ти и Господ ми е сведок дека ја зборувам вистината. И кога го нема веќе вие се осмеливте да не ја зборувате вистината пред Вашите колеги. Родителите и каде уште не.

„Корчагинци“ Сегашни и бивши да ве слушнам како поминавте низ образовните и воспитни методи на познатата „teacher“?

Новинари-Мирослава Симоновска и твоите информатори. Во моментите на најголема тага и болка од загубата на моето дете пишуваше невистини за семејството со што не повредуваше уште повеќе.

Во класот со мојот син учеа уште 33 деца. Само 2 (две) мајки ме побараа да ми изразат сочуство. Нека ви се живи и здрави децата. Никој и никогаш повеќе да не ја почуствува мојата болка за загуба на дете.

Да можеше да зборува сега мојот син ќе ми кажеше „ПРОСТИ ИМ МАМА!“. Прв и последен пат нема да ја почитувам твојата желба мило мое дете. Не можам да им простам.

СИТЕ ШТО ГО ПОВРЕДИВТЕ МОЕТО ДЕТЕ,

НЕПРОСТЕНО!!!!!!

Фејсбук-статус на Драгица С Панеска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.