Мајката на Пино: Ангела се надевала дека ќе биде богата снаа “Италијанка“

Мајката на убиеното момче Пино Секондо, Маја Трпковска во разговор за порталот “Магазин“ откри досега необјавени детали за живот на својот син, неговото детство, но и детали за убиството и обвинетата Ангела Ѓорѓиевска. На прашањето дали нејзиниот син бил во врска со обвинетата, Трпсковска одговара:
– Тој не беше со неа, меѓутоа Пино ја знае преку негов другар кој и беше дечко на Ангела. Ангела беше девојка на другар од Пино. Мојот син уште кога беше во врска со едно девојче што го имаше порано, Ангела почнала да му се удвара. Сега зборуваме за пред 4 или 5 години не е ова од сега, не дефинитивно Ангела не ми беше девојка. Пино од месец октомври почна да си излегува со друго девојче многу фино и уште тогаш мојот син почна да ја избегнува Ангела, но таа се надевала дека ќе биде богата снаа “Италијанка“.
Како и претходно Трпковска тврди дека нејзиниот син не бил заинтересиран за Ангела и дополнува: – Ангела доаѓала кај нас овде во куќава, одела по собите горе од радозналост. Последната девојката на Пино , ми рече “Тетка Мајо кога ќе дојдевме кај вас овде во куќава дали на кафе или скара, Ангела се шеташе по собите и се сликаше со автомобилите”, уште тогаш таа имаше намера да влезе во нашата фамилија. Но Пино не беше заинтерсиран за неа, вели Трпковска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.