Во новите судски документи на Мајкл Џексон се наведува дека пејачот во моментот на смртта должел повеќе од 500 милиони долари.Како што пишува People, покрај тоа што бил во долгови, неговата турнеја „This Is It“ била планирана и непосредно пред неговата смрт, што дополнително ги оптоварувало неговите финансии за 40 милиони долари.„Во времето на смртта на Мајкл Џексон, најзначајните средства на пејачот беа предмет на долг од повеќе од 500 милиони долари, а некои долгови носеа камати со екстремно високи стапки“, се наведува во документите.По неговата смрт, правниот тим преговараше за подмирување на неговите долгови со продажба на неговите работи и авторски права, подобрување на неговиот имиџ и спречување губење на преостанатиот имот.Потсетуваме дека Џексон почина на 25 јуни 2009 година од срцев удар предизвикан од акутна интоксикација со пропофол. Во моментот на смртта имал 50 години. Докторот на починатиот пејач, Конрад Мареј, е прогласен за виновен за убиство од небрежност бидејќи му дал поголеми дози на седативи.
Пронајдете не на следниве мрежи: