МВР заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков начин со исчезнувањето на 14 годишната Вања.

По извршен визуелен преглед и пребарување на возилото, како што дознаваме предаден е на форензичка анализа. Секој предмет или трага што може да биде поврзана со исчезнатото девојче ќе биде собрана како доказ. Ова може да вклучува отпечатоци од прсти, течности, или други материјали.

(Фото) ИДНИОТ СЕ СРЕТНА СО СЕГАШНИОТ; Бајден му вети „мирна транзиција“ на Трамп
Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник …
Орце Ѓорѓиевски со задоволство би прифатил да биде градоначалник на Скопје
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во емисијата ,,За или против” на телевизијата Алфа, запрашан за тоа дали ќе биде следен кандидат за градоначалник …

Собраните материјали и докази ќе бидат испратени во форензичка лабораторија за дополнителна анализа. Ова може да вклучува ДНК анализа, анализа на отпечатоци од прсти и хемиска анализа на течности и други материјали.

Ако возилото е опремено со современи технологии како GPS, полицијата може да провери историјата на навигација за да утврди местоположбата на возилото во времето кога е исчезнато девојчето.

Сопственикот на возилото и другите лица кои се приведени во врска со случајот ќе бидат испрашани за да се добијат дополнителни информации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.