МВР отвора предмет за „Битолски Монмартр“ за носењето деца кај бугарски политичари

МВР отвори предмет по допрен глас за раководството на „Мал битолски Монмартр“, кое во неколку наврати изминатиот период носеше деца во посета во Бугарија и на средба со бугарски политичари, меѓу кои и претседателот Румен Радев. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ , денеска во текст на „Независен“ реагираше дека децата кои се носат на средби со бугарски политичари и се фотографираат и објавуваат по медиуми се злоупотребени за политички цели, и се искористени „како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи“.

МВР отвора предмет за „Битолски Монмартр“ за носењето деца кај бугарски политичари

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска при посетата на Битола, рече дека за случајот бил запознаен од медиумите и дека полицијата го известила Основното јавно обвинителство.

„Секако дека сум запознаен со случајот и кога ќе добиеме каква било информација постапуваме. Во моментот процесното дејствие коешто стоеше на располагање на Секторот за внатрешни работи – Битола е да се поднесе известување до Јавното обвинителство во однос на овој случај. Очекуваме да видиме дали ОЈО ќе даде одредени наредби за прибирање на соодветна документација“, потврди министерот Оливер Спасовски.

Според министерот досега нема поднесено кривична пријава од родители на деца, членови на студиото, кои патувале во Бугарија и биле сликани на средбите со бугарски политичари. Ниту од „Меѓаши“, ниту од која било друга организација немаат доставена кривична пријава.

„Апелирам, не само за овој случај, да се достават кривични пријави да се земат изјави на записник, по однос на овие случаи за да можат и институциите да постапуваат. Не треба да ги отвораме предметите по допрен глас. По известувањето до ОЈО веќе имаме предмет“, рече Спасовски.

Денеска во рамки на проектот на МВР – „Отворен кабинет“, министерот е во посета на СВР Битола, и утрово имаше непосредни средби со граѓаните, со намера да ги чуе нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во градот. Така, кусо по настанот Спасовски на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбите со битолчани, а една со тие фотографии е и средбата со раководството на „Битолски Монмартр“, претседателот на УО Славчо Неделковски и директорката Елена Хаџи-Антоновска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.