МВР со детали за вчерашната експлозија во која вчера изгоре младо момче

Во 12:50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во сервис за мотоцикли „Тјунинг“, експлодирала плинска боца, при што во моментот на експлозијата, А.Ј.(27) и М.Б.(33) и двајцата од Скопје, кои работеле на сервис на мотор, се здобиле со телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и сопственикот на сервисот С.П. (38) од Скопје.
Вработениот М.С.(25) од Скопје бил пронајден починат, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. На местото на настанот извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.