Меган Маркл и принцот Хари продуцираат две нови серии на Netflix



Принцот Хари и сопругата, Меган продуцираат две претстојни серии на Netflix кои ќе се фокусираат на готвењето и на американското првенство во поло, објави стриминг сервисот.

Проектите се дел од повеќегодишниот договор меѓу Netflix и Archewell Productions, компанија основана од кралската двојка во 2020 година, откако се откажаа од функцијата високи членови на британското кралско семејство и се преселија во Соединетите држави.

Првата нова серија ќе се фокусира на готвење, градинарство, забава и пријателство. Маркл е извршен продуцент, соопшти Netflix. Втората серија ќе го следи американското првенство во поло во Велингтон, Флорида и ќе обезбеди свеж изглед на натпреварувањето и социјалната сцена на индустријата за поло. Маркл и принцот Хари се извршни продуценти на поло шоуто.

Двете серии се во рана продукција, а насловите и датумите на објавување ќе бидат објавени „во наредните месеци“, соопшти Нетфликс.

Новата серија ќе ги следи другите проекти на кралската двојка, вклучувајќи го и документарниот филм за Netflixс од 2022 година, Хари и Меган.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: