Англискиот репрезентативен стопер Хари Мегваер сака да си замине од Манчестер јунајтед, зашто е незадоволен од статусот кој го има во клубот и кај менаџерот Ерик Тен Хаг, а според последните најави од Островот, следна дестинација може да му биде – Астон Вила.
Мегваер досега сезонава има вкупно 13 настапи за „црвените ѓаволи“, од кои само седум во англиската Премеирлига, па е незадоволен што не игра и затоа сега бара алтернатива за својата кариера.
Тој е најскапиот светски дефанзивец, кого Јунајтед го плати пред безмалку четири години за скоро 90 милиони евра, ангажирајќи го од Лестер.