Поранешниот англиски селектор, Стив Мекларен, поднел оставка на тренерската функција во Твенте, пренесуваат холандските медиуми.Мекларен, кој екипата од Еншеде во 2010 година ја предводеше до првата и единствена титула во клупската историја, рекол дека екипата игра во лоша форма и дека од него било побарано да го раскине договорот, кој бил со важност до 2014 година.„Клубот е поголем од било кој поединец, а Твенте во моето срце има посебно место и не сакам да го кочам неговиот напредок“, изјавил Мекларен.Твенте, по саботниот пораз од Херенвен, падна на петтото место на табелата со шест бодови помалку од лидерот ПСВ Ајндховен.
Макфакс Поранешниот англиски селектор, Стив Мекларен, поднел оставка на тренерската функција во Твенте, пренесуваа