Нејзиниот стил е чиста десетка, се навикнавме на нејзините беспрекорни стајлинзи, но овојпат се надмина себеси.
Сè уште актуелната прва дама на Америка, Меланија Трамп (50), со само една фотографија успеала да предизвика хаос и многу коментари. Сите се согласуваат со едно – нејзиниот стајлинг е чиста десетка.
Црвената е идеална боја за зимскиот период, а на Меланија одлично ѝ прилега.
View this post on Instagram
Таа црвеното здолниште со миди должина го искомбинирала со карирано сако со краток крој. Кога станува збор за чевлите, останала доследна и избрала црни салонки со многу висока потпетица.
Карираниот дизајн оваа година е многу популарен, а секој стајлинг со него изгледа многу поинтересно.
Дали и вас ви се допаѓа ова модно издание на Меланија?