Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски започна седницата на Советот за безбедност на Република Македонија, на која ќе се разгледува ситуацијата со коронавирусот и мерките кои треба да се донесат врз основ на најновите анализи.
Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот присуствуваат и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Пред почетокот на седницата на сите учесници, пред да влезат во салата медицинска екипа им мереше температура.