„Никој нема да ги убива и труе кучињата“, дециден е градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Тој одговори на тврдењата на здружението Animal Voice кои повикаа на протест пред Владата, затоа што, според нив, градоначалникот шерифува наместо да решава проблеми.
„Јас дома не чувам кучиња. Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња? Тие кои решиле да ги чуваат, треба тоа да го прават одговорно, а пак државата да поработи на измена на законите од оваа област“, вели градоначалникот Мерко.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.