Металург: Задоволни од жрепката, но Киелце е фаворит

Иако го добија најпосакуваниот противник во четвртфиналето, од таборот на Металург улогата на фаворит му ја препуштаат на Киелце, екипа која во досегашните 12 натпревари во Лигата на шампиони доживеа само еден пораз.„Мораме да бидеме задоволни од изборот на противникот, иако сметам дека Киелце е апсолутен фаворит, бидејќи ги доби двете средби во групната фаза. Но, според народната за – трета среќа, спортски е и ние да се надеваме на успех, бидејќи фаворитите не победуваат секогаш“, изјави за клупската интернет страница тренерот на Металург, Лино Червар.Десниот бек Ренато Вугринец, смета дека македонскиот првак има реални шанси за пласман на Фајнал фоур турнирот.„Имаме реални шанси за пласман на фајнал-форот во Лигата на шампионите, бидејќи сметам дека можеме да играме со Киелце. Нивна предност е што реваншот се игра на нивен терен. Сепак, ние треба да ја добиеме средбата во Скопје и да ги израдуваме сите наши симпатизери“, изјави Вугринец, кој неодамна заедно со Ракчевиќ и Козлина го продолжи договорот со Металург.„Апсолутно посакуван противник, иако реално е фаворит, бидејќи се работи за моќна екипа со огромен буџет. Ние покажавме дека можеме да се справиме со нив и ќе направиме сé за да не ја испуштиме нашата историска шанса“, смета црногорскиот репрезентативец Младен Ракчевиќ.„Киелце е вистинскиот противник за Келн. Двапати нѐ победија, но сега сме поискусни. Шанси имаме. Ни требаат добри анализи и пред се здравје во екипата, за два добри натпревари“, размислува капитенот на Металург Ванчо Димовски.Металург на првиот четвртфинален натпревар ќе му биде домаќин на Килеце, натпреварот ќе се одигра в недела на 21-ви април со почеток во 18 часот.
Макфакс
 Иако го добија најпосакуваниот противник во четвртфиналето, од таборот на Металург улогата на фаворит му ја препуштаат

Пронајдете не на следниве мрежи: