Метод за здраво трошење на 8 килограми според д-р Василијев и ефикасно чистење на дигестивниот тракт

За да се одбегнат голем број здравствени проблеми, неопходно е повремено да се растерети телото и да се направи комплетно чистење на организмот. Цревата играат важна улога во работата на голем број органи и органски системи, па затоа е важно да бидат здрави.
Систематското чистење на дигестивниот тракт гарантира добро здравје на целото тело и долговечност. Методот на доктор Василјев се заснова на следните принципи: Консумирање на варен ориз во текот на пет дена со минимално додавање на сол и други зачини, а најдобро би било воопшто да не се користат.
Терапијата со ориз помага за подобрување на метаболизмот и функцијата на бубрезите и црниот дроб, а ги отстранува наталожените токсични соединенија и помага во борбата против вишокот килограми. Покрај тоа, претставува одлична превенција за болести како што се остеохондроза, артритис и болести на генитоуринарниот систем.


Значи во текот на пет дена за појадок изедете порција ориз, претходно обарен. Пред овој оброк дозволено е да испиете чаша вода, а после тоа четири часа не смеете ништо да јадете, ниту да пиете. Дури после четири часа може да го изедете ручекот кој мора да биде лесен.
За вечера е најдобро да испиете шолја јогурт. За период од пет дена организмот ќе се опорави, а токсините наталожени во цревата ќе се исфрлат. Вообичаено се случува лицео за огладне после два часа од оброкот, но треба да се издржи гладот со пиење вода или чаеви.
Затоа, треба да бидете упорни и да не се откажувате. Доколку не го почитувате периодот од четири часа помеѓу појадокот и ручекот, методот нема да даде резултати. Доктор Василјев не е единствениот кој препорачува прочистување на организмот со ориз.
Доколку ве интересира, можете да прочитате и Диета со ориз препорачана од доктор, со која можете да ослабете до 8 кг за 3 дена или 40 кг на подолг период. Диетата со ориз е еден начин на исхрана кој првенствено е наменет за лица со висок притисок, бубрежни болести и дијабетичари.
Оваа диета ја креирал д-р Валтер Кепнер уште далечната 1939 година. Нејзината популарност не е намалена ниту после 80 години. Диетата на почетокот била наменета за лица со висок крвен притисок, бубрежни болни и дијабетичари. Како минувало времето, оризот си го нашол своето место и меѓу популарните диети за слабеење.


Оваа здрава намирница е сè побарана од оние кои сакаат да ослабат. Денес постојат многу варијации на оваа диета – диета од три, седум и четиринаесет дена, кои можете да ги прочитате подолу. Актуелна е и нешто подолга варијанта која се држи четириесет дена.
Една наша читателка на фан страницата НМД.мк сподели лично искуство, односно како со помош на оваа детоксикациска диета и комбинација од друга рестриктивна диета успеала да ослабе 40 килограми. Според нејзиното искуство, кога еднаш ќе ја поминете диетата со ориз и ќе се прочистите, потоа многу полесно се слабее.
Еве го коментарот на Ана Николова: “Ова е метод кој е препорачлив за детоксикација на организмот. Може да се практикува по два дена, а на секои четири дена следат два дена интегрален ориз. Јас го оставав навечер потопен со двојно од водата значи половина литар вода а 1 шолја (250 мл) ориз.
Така отстојано наутро го варам, и да, навистина делува, само што се симнуваат по два кг неделно. Го комбинирав со природни чаеви, бидејќи сум личност што не обожава вода… По два месеци бидејќи бев прочистена, продолжив со друга (рестрикциска) диета и вкупен резултат минус 40 кг.
Имајте го на ум рецептов сите што сакате долгорочен резултат или да го спремите телото за диета. Да, се слабее ама си бара дисциплина како и сè останатo” – напиша Ана. Тридневна диета со ориз за чистење на организмот: ќе ослабете од 5 до 8 килограми во зависност од вашиот метаболизам.
Тридневната ориз-диета е одличен избор кога е потребно за многу краток период да ослабете неколку вишок килограми и да го детоксифицирате телото. Оваа ориз-диета исто така се нарекува „Пост на ориз“. Интегралниот (кафеав) ориз е древна пракса и датира со илјадници години наназад.
Иако е лесен облик на пост, тој има свои единствени предности и погодности. Оризот не предизвикува екстремни симптоми како некои други режими со гладувања. Оризот делува многу смирувачки и нежно ги елиминира токсините од крвта што овозможува да го одбегнете непријатното чувство кое честопати е присутно во текот на сите пости.


Стандардниот пост со ориз трае 3 дена. Ако се чувствувате дека тоа е премногу за вас, обидете се со само еден ден, па после една седмица повторете и постепено зголемувајте го траењето. ПЛАНОТ е едноставен. Во текот на три дена јадете само интегрален ориз.
За тоа ви е потребно една шолја (250 мл) кафеав ориз, по можност без масло и треба да биде добро сварен. Обидете се овој ориз да го поделите во 4-5 оброци во текот на денот. Може да додадете многу малку сол, еден прстофат, или пак, црвен пипер. Исто така, може да додадете многу малку кокосово масло или путер.
Овие масти треба да помогнат во елиминација на токсините кои се растворливи во масти, а се користат и за обнова и регенерација на ткивата. Само бидете внимателни и мастите користете ги умерено, да не го преоптеретите својот ориз со нив. И како и обично:


не заборавајте во текот на ориз-диетата секојдневно да испиете најмалку 8 часа вода. После три дена полека вратете се на својата редовна исхрана. Постепено воведувајте нови намирници, што му овозможува на телото да се прилагоди. Нормално е дека ќе ви бидат потребни до два дена за целосно да се вратите на нормална исхрана.
Јадете и натаму интегрален ориз, а додадете и некое јаболко и парче интегрален леб. Вториот ден додадете уште намирници. Тридневната ориз-диета не само што брзо ќе го исчисти вашето тело и ќе го подобри варењето, туку и ќе помогне да ослабете и до 8 килограми во следните неколку денови по завршувањето на диетата. Имајте на ум дека организмот активирал механизам за чистење, па искористете го и продолжете со избалансирана исхрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.