Застрашувачки напад на мечка врз чувар во луксузен хотел во Аспен, Колорадо ги обиколува социјалните мрежи, а мажот поминал само со гребаници.
Животното залутало во кујната на одморалиште со пет ѕвезди во Аспен кога чуварот отишол да истражи што се случува. Кога ја забележал мечката веќе било доцна бидејќи животното веднаш го нападнало. За среќа, по едно туркање со шепите, мечката отстапила и тргнала во спротивна насока.
- НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Во петок почнува обврската за задолжителна зимска опрема
- Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓаните
- Таравари: Исто мислење со ВМРО за законот за употреба на јазиците
- Ердоган: Ќе ја уништиме 40-годишната игра на империјалистите и нивните марионети
- Голем дефект го остави половина Скопје без електрична енергија
- Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
- Тројца повредени – сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје
- Секое трето новороденче во Велика Британија го родила жена со странско потекло
- Меџити му порача на Минчев да го почитува албанскиот јазик
Чуварот бил однесен во болница откако успеал да се јави на 911, каде што му биле констатирани гребаници на грбот и по кратко време бил пуштен, соопшти одморалиштето.
– Полицајците забележале дека додека ја барале оваа мечка, забележани се уште осум мечки како се движат низ центарот на Аспен – изјави портпаролот на одморалиштето.
Официјални лица за заштита на дивиот свет, како и полицискиот оддел во Аспен и канцеларијата на шерифот на округот Питкин, беа вклучени во ловот на мечката што го нападна чуварот. Дури во раните утрински часови во средата животното било пронајдено, заспано и подоцна еутаназирано.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.