Идејата за Албанската академија на науките и уметностите е резултат на еволуцијата на нашето општество. Поради оваа причина, не треба да се гледа како закана. Северна Македонија ја има единствената шанса да се организира како функционално мултикултурно општество и да ги претвори прашањата кои до вчера не делеа во квалитети кои ќе не обединат во нашата европска иднина, напиша пред малку првиот вице-премиер Изет Меџити во објава на Фејсбук.
– Научно-истражувачката сфера не може да биде заложник на товарот од минатото и непријателствата што го карактеризираат нашето подземје со векови.
Академиите на науките во развиените земји ја имаат основната мисија научно истражување како придонес во развојот на човештвото. Академиите на науките во балканските земји наликуваат на бункери изградени во 19 век и сè уште се доволно ригидни да ги заменат романтичните национални вредности со вредностите на новото време.
Единствениот аргумент против Албанската академија е тврдењето дека науката не признава етничка припадност и не може да биде под влијание на политиката. Тогаш, каков беше научниот придонес и кои беа научните аргументи во Памфлетот на МАНУ кога во 2001 година предложи поделба на Македонија?! Да не зборуваме за несреќните памфлети на Српската академија во 19 век кои повикуваа на создавање чисти држави и организирано преселување на несрпското население од територијата на српската држава! Дали е тоа научниот дух за кој денес зборуваат сите противници на нашата идеја?
Што се однесува до дилемите околу формата на организација, начинот на финансирање или поддршка, доволно е да се земе како пример финансирањето на Европската академија на науките и уметностите. Оваа Академија, меѓу другото, е дефинирана како непрофитна организација која е финансирана и од локалната самоуправа. За оние кои ќе се спротивстават, потсетувам дека меѓу членовите на оваа Академија е и поранешниот претседател на нашата држава, Ѓорге Иванов.
Значи Академијата не е закана туку можност! Сè што треба да го видиме во ова светло е демистификација и размислување надвор од рамките што не прават заложници на минатото. – напиша Меџити.