Вчера неколкумина мигранти се обиделе да влезат во просториите на Американската амбасада во Подгорица, но обезбедувањето ги спречило, потврди полицијата. Не им бил дозволен влез во Амбасадата, зашто немале претходно закажан прием, па обезбедувањето ја повикало полицијата да ги отстрани од објектот.
Зградата на Амбасадата ја обезбедуваше зголемен број припадници на Специјалната антитерористичка единица на полицијата.