Фудбалерите на Милан, во една од дерби средбите од 27.коло во Серија А, забележаа победа над Лацио со 3:0.Милан со оваа победа го мина Лацио на третото место на табелата во италијанското првенство.Конечниот резултат на дербито го одреди и деталот кој се случи во 16.минута, кога поради стартот врз Ел Шарави, црвен картон доби Кандрева.Милан предноста на теренот ја искористи во финишот на првото полувреме кога Пацини и Боатенг постигнаа погодоци за водство од 2:0. Конечниот резултат по еден час игра го постави Пацини со својот втор гол.
МакфаксФудбалерите на Милан, во една од дерби средбите од 27.коло во Серија А, забележаа победа над Лацио со 3:0.