МИЛАН СТЕФАНОСКИ: Македонија мора да остане на своите заложби за интеграција во ЕУ!

Политичкиот аналитичар Милан Стефановски смета дека малите за жал се предмет на одлуките на големите земји, а ние треба да продолжиме да покажуваме спремност за дијалог со Брисел но и Бугарија и понатаму и покрај што емоциите и фрустрациите дома се големи.

МИЛАН СТЕФАНОСКИ за внатрешните проблеми:

…земјава се соочува со голема корупција, партизираност и нефункционална администрација и судство. Овие проблеми можеби не мачат повеќе време дури и од нашиот кандидатски статус. Затоа покрај надворешната дипломатија, политичарите треба да се свртат и кон решавање на овие проблеми кои се услов да почеток на преговорите…
МИЛАН СТЕФАНОСКИ: Македонија мора да остане на своите заложби за интеграција во ЕУ!

– Реалноста секогаш ги погодува идеалистите. По веќе виденото, со Брисел и Макрон, можеме да заклучиме дека во политиката, а особено во надворешната политика, не постојат гаранции.

Па, дури и да се писмени гаранции, клучно е прашањето колку вредат тие. Тоа е така бидејќи се комплексни релациите и, глобално, не постои одлука што зависи веќе од еден субјект, така што до последниот момент никако не можеме да бидеме сигурни што можевме да побараме и, обратно, што можевме да добиеме од Самитот.

Сепак, без оглед што и да се случува во соседна Бугарија во следниот период, треба да е јасно дека Македонија мора да остане на своите заложби за интеграција во ЕУ и покрај домашното разочарување но и порастот на антизападното расположение – посочува Стефановски.

– Сепак и покрај вчерашниот исходот и ветото на Бугарија, земјава се соочува со голема корупција, партизираност и нефункционална администрација и судство. Овие проблеми можеби не мачат повеќе време дури и од нашиот кандидатски статус. Затоа покрај надворешната дипломатија, политичарите треба да се свртат и кон решавање на овие проблеми кои се услов да почеток на преговорите – додава Стефановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.