Седејќи на балкон и пиејќи го своето кафе во приквечерните часови на ова, што би рекле старите, циганско лето, повторно, како и секоја вечер го гледам крстот на Водно. Најчесто убава глетка, но вечерва е чуден. Не е цел. Едниот крак го нема. Иако се работи за некој проблем со инсталацијата, се добива впечаток дека гледате во нешто незавршено… И кога ќе размислам, незавршено е. Не поради прегорените светилки или лошата инсталација. Милениумскиот крст ни приб-лижно не е тоа што беше најавено. Се сеќавам кога пред десет години, на 28 август, големиот христијански празник Голема Богородица, првпат видов како светна големиот крст на Водно. Сѐ уште недоправен, светна. А, зошто беше така? Затоа што следуваше фамозниот 15 септември… Се сменија боите во Владата, се смени политиката кон овој споменик над градот.
Што се случи не им е јасно ни на авторите на Милениумскиот крст, архитектите д-р Јован Стефановски – Жан и д-р Оливер Петроски. Но, како размислуваат тие за градбата висока 80 метри на врвот на Водно, проект за кој имаат добиено меѓународно признание, сребрен медал за тригодишно остварување во светски рамки на „Интерарх 2003“, награда доделена од Светската академија на архитекти?! Иако, нивното дело остана недоправено.
– Се сеќавам дека имаше изложено повеќе 200 проекти. Оливер во еден момент, гледајќи ги другите проекти, ме праша што бараме овде. Јас знаев дека имаме што да покажаме. Ние не сме свесни што имаме – се потсетува Стефановски.
Жртва на политичка игра
Во 2002 година, можеби малку избрзано, непосредно пред парламентарните избори, Владата на Љубчо Георгиевски ја прсече црвената лента. Стефановски вели дека тогаш била завршена само првата фаза. Тој го дели проектот на три фази – првата – објектот да се доживее од далеку, втората – да се доживее однатре и третата фаза – уредување на просторот околу крстот, каде што влегува манастирски комплекс, кој требало да се гради на другиот врв. Но, сѐ застана во првата фаза. Стефановски и Петроски се едногласни – мора да се сфати дека објектите не се паметат по тие што ги почнале, се паметат по тие што ги завршиле.
– Не викам дека Крстот е жртва на политички игра. Сигурен сум во тоа! А, ако се размисли подлабоко – некој го почнал, некој го градел, друг ќе го заврши. Прашање е дали тие што го завршиле помалку се паметат од тие што го почнале. Зависи кој како ќе им пристапи на работите. Која и да е владејачка гарнитура, не може да го однесе со себе. Ќе си остане и ќе се знае кој го почнал, кој го завршил. Значењето што го има овој крст ги надминува тие меѓупартиски игри – вели Петроски.
Стефановски смета дека МПЦ не може да се носи со ваков проект, кој и од архитектонски аспект и од симболичен аспект има неверојатни бројки и вредности, кои се занемарени.
– А зошто се занемарени? Дали од аспект на времето или од тесно-партиски игри не би сакал да зборувам. Но, знам дека крстот стои. Ѝ беше доделен на МПЦ, Фондацијата „Милениумски крст“ требаше да го заврши и да го додели, но тука сѐ стои…- коментира тој.
Повеќе на следниот ЛИНКСедејќи на балкон и пиејќи го своето кафе во приквечерните часови на ова, што би рекле старите, циганско лето, повторнВо 2002 година, можеби малку избрзано, непосредно пред парламентарните избори, Владата на Љубчо Георгиевски ја прсече црвената лента. Стефановски вели дека тогаш била завршена само првата фаза.