Миленко ја призна грешката: Кондиционите тренери од Аргентина завршија со Вардар!

Добро е што Миленко Неделковски и управата на ФК Вардар почнаа да ги разбираат грешките кои ги направија ова лето.

Спортскиот дел на редакцијата ,,Инфомакс” на неколку наврати во текстовите пишуваше токму за овие двајца фамозни луѓе од Аргентина и за тоа дека фудбалерите на Вардар се жалат дека овие двајца немаат ништо фудбалско во нив и дека кондицијата на самите играчи е очајна.

Сега, по неколку месеци во клубот, дознаваме дека овие кондициони тренери добиле карта во еден правец и нема да се вратат во ФК Вардар, што е секако добра вест по најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија.

Повторуваме, во ФК Вардар има еден ,,тон” грешки кои се направија ова лето, па време е да почнат да се отстрануваат дури не е предоцна. Сепак, има и една поговорка која вели “рибата смрди од главата”..

Пронајдете не на следниве мрежи: