Мили од „Ѕвездите на Гранд“ се соблече во костим за капење и гo „запали“ интернетот – и неговата сопруга никого не остави рамнодушен!

Александар Милиќ Мили со своите фотографии на социјалните мрежи постојано предизвикува лавина од реакции.

Tака беше и овој пат кога покажа како ужива во својот одмор, а многумина забележаа и дека изгледа одлично.
Имено, познатиот композитор објави неколку фотографии и видеа на својот Инстаграм од ексклузивната дестинација.
Тој замина да си ги наполни батериите во Бангкок, а со фотографијата од базенот ги воодушеви сите и со своето тело.

Тој исто така покажа и дека е голем љубител на животните и со пораката што ја сподели ги воодушеви фановите.

„Љубовта кон животните е исконска. Мораме да ги пазиме, почитуваме и сакаме. Срцето ме боли кога ќе ги видам во кафези или заточеништво, но нашата реалност немаме избор освен да ја живееме и да направиме се а да ја менуваме на подобро. Да ја чуваме природата, воздухот и животните, тоа е се што имаме!!!“ порача Мили под своите фотографии на Инстаграм.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.