Милорад Додик не гласа во просторот резервиран за гласање, гласачкото ливче го стави на маса пред новинарите

Српскиот политичар од Република Српска, Милорад Додик гласаше во Бања Лука на парламентарните избори одржани во Србија.

Но, Додик тоа не го направи во кабината резервирана за гласање, туку на масата пред бројните новинарски екипи кои имаа можност да снимаат како гласа.

Мицкоски ќе оди на инаугурацијата на Трамп, од Владата велат дека е можно да се сретне со Илон Маск
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е поканет и ќе оди на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД на 18 јануари, велат од Владата. Македонскиот премиер на 20 јануари ќе присуствува и …
Словачка го возврати ударот! Фицо: Ќе преземеме реципрочни мерки, ќе ѝ ја исклучиме струјата на Украина!
Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека Европската унија, а не Русија, ќе биде во загуба откако Украина го спречи транспортот на руски гас , пишува денеска бриселско Политико.Запирањето на транзитот на гас преку …

Додик гласал во Генералниот конзулат на Србија во Бања Лука, пренесува Телеграфи.

Камерите го снимиле моментот кога го добива гласачкото ливче и не влегува во просторот резервиран за гласање, каде што можел да направи такво нешто што го предвидува законот – тајно гласање.

Наместо тоа, тој го стави своето гласачко ливче на масата пред многу набљудувачи и повеќе тимови на новинари, кои можеа да видат што заокружил.

Дури и ливчето го држи постојано отворено и не свиткано, за да се види јасно за кого гласа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.