Пратеникот Антонијо Милошоски се спаси од прогон за предметот „Моќник“, а со него, и неговиот татко Милош Милошовски кој беше обвинет. Ова доаѓа со измените на Кривичниот законик. Предлогот го дал обвинител, а бил прифатен од судечкиот судија. Во предметот беа обвинети уште 11 лица.
„Судот, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител и согласно одредбите на КЗ, донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите, судењето за кривично дело измама, продолжува на следната расправа насрочена за 09.11.2023“, се вели во соопштението на Основен кривичен суд.
По ова, Антонијо Милошоски објави фотографија со татко му под која напиша дека седнале да пијат ракија.
- Кој го потпалува Скопје? Дали пожарите имаат политички ракопис?
- Харадинај гарантира членство на Косово во НАТО
- Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
- Ако имате утрински секс овие работи се случуваат во вашето тело! Ќе се прашувате зошто не го правите тоа постојано
- Изборниот материјал во Албанија ќе биде и на македонски јазик