Само минатата седмица се регистрирани нови 126 заразени со морбили. Тоа е најмногу досега од почетокот на епидемијата, а повеќе од половината се од градови од внатрешноста на земјата.
Бројот на заболени со морбили достигна до 961 од кои повеќе од сто се лекари и медицински персонал. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 43 заболени, а на Клиниката за детски болести 11 деца. Во вторник на Комисијата за заразни болести ќе одлучат дали ќе прогласат епидемија во цела држава.