„Министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-тина денари, а работник со минималец јаде месен нарезок со поскапи цени

Студентите нека се чудат што да јадат, пензионерите нека се борат секој ден дали да купат леб или лекови, ама затоа министрите ќе се гоштеваат по екстра ниски цени.

Ако четврт бурек, ѓеврек и јогурт стануваат луксуз за народот, затоа што треба за него да одвојат околу две евра, во владините бифеа за истите пари кркаат сланина на скара( за 110 денари) или вешалица од свинско каре (за 135 денари).

Го слушате Ковачевски, Битиќи или Бектеши дека поскапуваат цените на детската храна затоа што тие тоа го сметаат за луксуз, а веројатно половина час порано јаделе омлет со свинско за 65 денари, тост со врат за 75 денари или тулумби и баклави за 30 денари.
Еден министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-тина денари, а еден работник со минималец јаде месен нарезок по поскапи цени. И на крајот министерот ќе те убедува дека поскапувањето на цените на одредени производи било за твое добро, затоа што не било здраво тоа да се јаде.

Ситата влада не го верува гладниот народ. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине, стои ви соопштението на партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.