Норвешката министерка за култура Лубна Џафери (44) јавно ги разголи градите на панел во Осло!Џафери ја подигна блузата и ги покажа градите на панелот посветен на претстојната парада за правата на сексуалните малцинства во норвешката престолнина. Таа наведува дека ги покажала градите во знак на солидарност со ЛГБТ групите.– За мене како министер за култура и еднаквост, а сега и како врховен заштитник на ЛГБТ заедницата, важно е хомосексуалците да се чувствуваат безбедно и слободно, а тоа беше мојот мал придонес – објасни политичарот.Џафери, која ја презеде функцијата пред една година, претходно ја доби наградата „Геј мама“ која се доделува на луѓе кои јавно ги бранат правата на ЛГБТ заедницата.
pic.twitter.com/QU0fgH2zVJ— Pluton (@Pluton45873221) June 30, 2024
Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе го поддржа потегот на младиот министер.– Лубна е слободоумна и прекрасна личност која со ентузијазам присуствува на културни настани низ земјава. Мислам дека тоа што го направи во Осло е совршено во ред – изјави Стјоре.Џафери е по потекло од Пакистан.