Министерот за дипломатија блокира броеви на новинари и одбива да комуницира

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одбива да комуницира со новинарите на Инфомакс, а дополнително, во духот на дипломатијата ги блокирал телефонските броеви на новинарите.

Од Министерството за надворешни работи не одговараат на прашањата и барањата за пристап до информации од јавен карактер за патувањето на министерот Муцунски на самитот на НАТО во Вашингтон, а потоа и во Њујорк.

Сега Муцунски не одговара ниту на прашањето зошто неговата сопруга била дел од делегацијата која патуваше во САД и кој ги платил трошоците за нејзиното патување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.