Министерот за здравство ќе разговара со семејството на Леонид околу подмирување на трошоците за неговата рехабилитација


За конкретното изнајдено решение, како што велат од МЗ, министерот Илир Демири потоа ќе ја информира Владата

Министерот за здравство Илир Демири објави дека на денешната владина седница e одлучено тој да разговара со семејството на младиот Леонид Индов за да ги информира за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитацијата на момчето. За конкретното изнајдено решение тој потоа ќе ја информира Владата.

Леонид Индов

„На денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто така беа образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов“,

информираат од Министерството за здравство.

Леонид Индов на почетокот на месецов (6 февруари) беше транспортиран на лекување во Виена, Австрија, а властите тогаш се пофалија дека тој е првиот пациент од земјава кој се транспортира со медикоптерот на МВР.

Но две недели подоцна беше објавена веста дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето на семејството на Индов – момчето да се лекува во Виена, затоа што такво „продолжено болничко лекување“ можело да се изврши и во здравствени институции во земјава.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: