Министерот не одговара на барањата на синдикатот: Две плати на професионален војник не ја крпат минималната кошничка!

Министерот за одбрана не одговара на барањата на Независниот синдикат на професионални војници, објави Александар Наскоски, претседател на синдикатот.

– Поминаа повеќе од 3 недели откако доставивме барања до министерот за одбрана за

👉 зголемување на платата на сите професионални војници од 30%,

👉 трансформирање на работниот однос на неопределено време и

👉 ПЕНЗИОНИРАЊЕ на професионалните војници како и останатиот активен воен персонал 👈

Како што изјави јавно министерот #ВладоМисајловски сите барања ќе бидат внимателно разгледани 🤔

НО

На владина седница беше изгласан буџетот за 2025 година во кој НЕМА предвидено зголемување на платите на вработените во Армијата и МО, а посебно не за професионалните војници …

Очигледно разгледувањето на барањата траело ЕДНА СЕКУНДА , доволно време да се фрлат во корпа за отпадоци 🗑️

Ете уште еден доказ дека професионалните војници се најдискриминирани и доказ колку го ценат војникот …🤏

Ова е РЕАЛНОСТА, на односот на работодавецот кон припадниците на Армијата !!!

Плата на професионален војник 30.292 денари, цели 11.000 денари под просечната плата во републиката,а синдикалната кошница е 61.000 денари за основни потреби ❌❌❌

Две плати на професионалниот војник не се доволни за една синдикална кошница 😡😡😡

Ама битно во НАТО сме 👏👏👏

НАТО Армија со геврек и јогурт…бурек е скапа опција !!!

👉25 години на Определено време ❌

👉На 45 години поклон за роденден на секој професионален војник по една КЛОЦА и под биро за вработување ❌

Заслуга за 25 години служба за државата од државата …

#ВистинатазаАрмијата – стои во објавата на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: